Висината на децата треба да се мери двапати годишно за рано откривање на проблеми со растот

Александар Петровски, претседател на Здружението на граѓани „Раст"/Фото: МИА

Под мотото „Само две мерења на висината годишно, може да го променат животот на вашето дете”, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст” денеска деветти пат се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Александар Петровски, претседател на Здружението на граѓани „Раст” истакна дека оваа година вторпат е обезбеден буџет од страна на ФЗОМ и реализирана набавка во вредност од 61,8 милиони денари и раст од 6 отсто споредено со минатата година. Тој рече дека нарушувањето на растот е еден од честите најрани симптоми кој ни открива други заболувања кои стојат во позадина како причина.

– Оваа терапија сега овозможува во просек лекување на 150-160 деца. Ова е голем чекор напред за децата, а сатисфакција на Здружението дека заложбите и макотрпната борба која трае една деценија и конечно финализра со зголемување на буџетот, рече Петровски.

Петровски апелира до родителите да бараат од матичните лекари и педијатри да ја мерат висината два пати годишно и да ја внесат во кривата на раст и при секое отстапување да консултираат задолжително педијатар, ендокринолог. Бесплатно е достапна апликацијата за следење на растот Карта на растот.

Тој информира дека ќе бидат поставени постери на повеќе места каде родителите ќе можат на лице место да ги користат и да направат проверка на висината на нивните деца. Посочи дека сакаат да организираат едукација на здравствените работници по градинките и воспитувачите, а ќе иницираат и ревизија на Прирачникот за родители.

– Наназад живеевме во време оптеретено со Ковид- 19 кој го окупираше целото внимание на родителите и старателите. Пандемијата е веке под контрола, но децата остануваат да живеат со хроничните состојби и болести кои ги имаат и претодно, а дел од нив можеби се и непрепрознаени. Времето и периодот на растот ни развојот на децата не може  да се врати наназад. Тоа е период кога ако се пропуштат, последиците се навистина трајни. Сега сме во сосема различна фаза од претходно – има терапија, но сега соочени со страв од Ковид-19 родителите не ја контролираат висината кај децата и не бараат помош од специјалист од ендокринолог. Голем период учениците не работеа со физичко присуство и децата ги пропуштија редовните мерења на висината. Родители нема време да го вратите назад и нема враќање на пропуштената можност. Можност имате сега , затоа што времето не можете да го вратите назад. Вашите деца сега ја имаат можност да ја добијат терапијата која е неопходна, рече Петровски.

Здружението „Раст” информира дека ја реактивираат кампањата за навремено препознавање н нарушување на растот почната во 2013 година, со слоган „дали висината на детето одговара на неговата возраст, веднаш измерете го овде”.

Аспасија Софијанова, директорка на Универзитетската клиника за детски болести изјави дека чекањето е здравје и секое одложување на година дена доколку нема хормон за раст, како што рече, значи заостанување во тој раст и губење на значајни функции во организмот, кои можат да значат понатаму многу нешто во однос на сите тие семејства кои чекаа на вратите, молеа, прашуваа.

– Има и многу други болести кои заслужуваат навистина при нивното разгледување и воочување навремено во однос на развојниот период на детето, што е исклучително важен за да имаме една здрава индивидуа, во позадината го кријат хормонот за раст, кој кога би се дал на време да немаме една индивидуа која во иднина ќе има проблеми, рече таа.

Владимир Рендевски, заменик министер за здравство рече дека самото рано откривање е голем успех во лекувањето на овие пациенти. Рендевски се надева дека како Министерство и Влада од ден на ден ќе успеат да го подобруваат квалитетот на здравјето на нашите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот