Вирусот зема уште една млада жртва без претходни заболувања
Вирусот ковид 19 зема уште една млада жртва, 35 годишна жена од велешкото село Бузалково.
Препорачано
Според и информациите од Министерството за здравство за нејзината здравствена состојба, таа претходно била здрава, односно немала историја на претходни заболувања.
Пациентката била седум дена лекувана од матичен лекар, но кога почнала да плука крв била однесена во велешката болница. Таму се задржала само неколку часа и поради тежината на здравствената состојба била префрлена на Клиниката за инфективни болести. Оттаму велат дека е примена со сатурација на крвта од 60 отсто, по што веднаш и е даден кислород и друга потребна терапија.
Иако првично состојбата и се подобрила, на третиот ден од престојот во болница пак дошло до влошување по што починала. Дали ќе бил исходот од лекување поинаков ако таа порано била болнички лекувана, не се знае. Иако немала историја на претходни заболувања, сепак пациентката имала прекумерна телесна тежина што може за биде причина за посеризното влошување на здравствената состојба по инфекцијата со Kовид19.
Инаку во денешниот извештај за состојбата со Ковид 19 има уште две починати лица 69 годишен пациент од Скопје и 77 годишен од Македонски Брод. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупно број на починати пациенти од новиот вирус се искачи на 547.


