Виетнам: Тајфунот Јаги однесе 143 животи, 58 се водат за исчезнати

Тајфунот Јаги предизвика поплави и свлечишта во Виетнам/Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Во налетите на тајфунот Јаги во Виетнам загинаа 143 лица, а 58 се водат за исчезнати , соопштија денеска локалните власти.

Обилните дождови предизвикаа големи разурнувања во неколку региони во Виетнам, уништувајќи куќи и оштетувајќи ја инфраструктурата, пренесуваат виетнамските медиуми. Властите вчера започнаа кампања за собирање донации за погодените, а непосредно по покренувањето на иницијативата беа собрани речиси 17 милиони долари.

Виетнамската влада одвои 200 тони ориз од националните резерви и дополнителни средства за 14 погодени провинции за да му помогне на локалното население додека работи на поправка на штетите, спроведување операции за пребарување и спасување и обновување на основните услуги.
Тајфунот Јаги е најсилната тропска бура во Азија оваа година со забележани максимални ветрови од 245 километри на час. Од него на Филипините загина најмалку 16 лица и две во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот