Виенски институт: На сите земји од ЈИЕ и централна Европа им се заканува рецесија

Клучот за ублажување на падот е фискалната политика, се истакнува во анализата.

Институтот за економија во Виена (WIIW), во својата анализа на економските последици од коронавирусот, наведува дека на сите земји од централна, јужна и источна Европа им се заканува рецесија.

Анализата посочува дека значителни негативни последици се веќе видливи, дека многу валути се ослабени и оти довербата на потрошувачите и на деловните активности паѓа.

WIIW посочува дека повеќето централни банки во регионот веќе најавија јасна реакција.

Клучот за ублажување на падот е фискалната политика, се истакнува во анализата.

Повеќето, односно сите земји во регионот се предвидува годинава да доживеат длабока рецесија, според  институт во Виена.

Сепак, експертите за WIIW остануваат оптимисти дека ќе има значително закрепнување во втората половина на 2021 година.

Според анализата на земјите со поголем фискален простор за стимулирање на сопстввените економии и ефикасен здравствен систем, ќе можат подобро да се справат со неизбежниот економски пад.

Во врска со ова, посебно се споменуваат земјите што пристапиле кон ЕУ во 2004 година, балтичките земји, Чешка, Словачка и Словенија.

Во пролетната прогноза, WIIW посочи дека 2020 година ќе биде најлошата година во економијата на регионот од 2009 година.Експертите исто така најавија дека своите прогнози ќе ги објавуваат неделно, поради тековната криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот