ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Кеми Баденок ќе донесе многу возбуда во британската политика
Од десното политичко крило на конзервативната партија во Британија, првата законска емигрантка која ќе се бори против имиграцијата во земјата, со слични ставови како и Доналд Трамп е новата лидерка на Конзервативната партија во Велика Британија, Кеми Баденок. По некоја случајност како и Трамп и таа работела иво „Мекдоналдс“.кој за време на кампањата пржеше компирчиња во сендвичарата. Таа доаѓа на местото на Риши Сунак и со тоа оваа жена испишува историја во британската политика бидејќи е прва црна жена која станува лидер на една од најголемите партии во земјата.
Откако официјално беше назначена за прв човек на партијата, таа вети дека ќе ја репрограмира Британија како земја, дека ќе ја направи поинаква земја под нејзино водство. Нејзините изјави се доста слични со изјавите коишто ги слушавме претходно во американската предизборна кампања од Трамп, забележува новинарката Жанета Скерлев, дописничка за „Слободен печат“ од Лондон. Од Скерлев дознаваме која е Кеми Баденок.
– Кеми Баденок е родена во 1980 година во Лондон, во болницата „Света Тереза“ во Вимблдон, од нигериски родители, мајка професорка, татко доктор по општа практика. Нејзините родители живееле и работеле во Нигерија и биле од средна класа, кога растела мајка ѝ имала свој возач и дадилка. Лесно се преселиле во Лондон и бидејќи ја родила Кеми, автоматски добила британско државјанство. Таа е четврта жена на кормилото на конзервативците, пред неа беа Маргарет Тачер, Тереза Меј, кусо време Ли Страус – раскажува Скерлев.
Според нашата соговорничка, политиката во Велика Британија добива една жена која во иднина ќе донесе голема возбуда.
– На пратеничките прашања го „нападна“ премиерот Кир Стармер за неговата политика. Конзервативната партија добива лидерка која, како што велат тие, ја познава политиката, дека прво зборува, па потоа ги прашува другите што мислат и како мислат за разлика од нејзиниот ривал Роберт Џенрик, кој прво ќе ги сослушал сите во собата, па потоа ќе каже што мисли. Нејзините приврзаници веќе испечатија маици со слоганот „Be more Kemi!“ (Бидете повеќе Кеми!) со цел да ја поддржат за тоа што нема „влакна на јазикот“. Таа ветува големи промени и се залага за тоа дека чувствува одговорност таа да ја поправи кризата во која е западната земјата – објаснува Скерлев.