ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Саздов: Мемоарите на Киро Глигоров – најуспешна книга за четврт век посотење на „ТРИ“
„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска и „Две книги“ на Влада Урошевиќ се дел од бројните дела од современата македонска книжевност со кои Македонија оваа година се претстави на реномираниот Саем на книгата во Фракнфурт. Ова е од огромна важност за нашата култура бидејќи на тој начин стануваме дел од глобалната книжевна мапа на светот. Овој настан е двигател за развојот на книжевната индустријата, бидејќи таму се сретнуваат светските издавачки куќи, соработници, автори, читатели.
– Среќни сме што успеавме да поставиме наш штанд на Саемот на книга во Франкфурт. Ова е од огромна важност за понатамошната соработка со луѓе надвор од земјата, важно е и за развојот на нашата книжевност, а најпосле и од огромна важност и за претставувањето на нашата држава – вели за „Слободен печат“, Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи и главен и одговорен уредник на издавачкиот центар „ТРИ“.
Саздов вели дека особено е горд што посетителите доаѓале на штандот и барале конкретни автори од македонската книжевна сцена.
– Луѓето доаѓа на нашот штант и бара конкретни имиња, тие веќе ги знаат македонските автори. И многу ми е драго кога ја знаат Румена Бужаровска, прашуваа дали имаме нешто ново од Румена. Исто така Лидија Димковска, Петар Андоноски и други автори коишто веќе имаат странски изданија. Тоа значи дека сме на добар пат да се отвори простор и шанса светот да чуе и за нови гнерации на македонски авори. Најпосле нашата цел да ја промовираме и извезуваме надвор нашата книженост – рече тој.
Според Саздов, многу е важен континуитетот, потребно е секоја година да бидеме дел од ова книжевно друштво, бидејќи на тој начин се градат врските.
Издавачкиот центар „ТРИ“ слави 25 години постоење, а со тоа и испишува историја за една истрајна книжевна приказна на пазарот.
– За овој четврт век постење имаме преку 1200 изданија, над милион продадени примероци за ова две и пол децениско постоење, а она што јас го памтам како неповторлив момент е неверојатниот интерес за книгата на Киро Глигорв, која тогаш за првпат беше издадена, но реткост е да се случи нешто такво, дури и во светот, па затоа би ја нарекол најуспешна книга во постеоњето на „ТРИ“ – вели Саздов.