ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Миле Лефков: Партнерот во новата влада ќе го бараме во редовите на албанската опозиција

Миле Лефков/фото Слободен Печат/Драган Митревски

Пратеникот Миле Лефков смета дека рејтингот на неговата ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е многу поголем во пресрет на претседателските и парламентарите избори во Македонија, што според него значи дека токму партијата каде тој членува ќе ја формира наредната влада на државата.

– Се гледа поддршката што ја имаме на терен, како и од анкетите што често ги споменуваме, тоа беше и индикативно покажано во претходните мерења кога се виде недовербата во институциите и кога на прашањата дали Македонија оди во погрешна пат, видовте една огромна бројка на разочарани граѓани која смета дека државата оди во погрешна насока, вели Лефков, при неговото гостување во утринската програма на Слободен печат.

За Гордана Силјановска-Давкова вели е вистинскиот надпартиски кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а од нејзе очекува како претседател да не ги менува често ставовите.
Што се однесува до поизборната коалиција, Лефков смета дека неговата партија нема да има проблем да коалицира со т.н. албанска опозиција.

– Партнерот претежно се бара кај она што се нарекува албанска опозиција, ние посакуваме да формираме влада која ќе биде ослободена од хипотеките што ги оставаат зад себе функционерите на СДСМ, особено функционерите на ДУИ. Една таква влада најпрвин би се соочила со животниот стандард и со горливите проблеми и се разбира градење на нашата иднина кон Европа – вели Лефков.

Тој смета дека се јалови нападите од ДУИ и од СДСМ, чии претставници тврдат дека тие се за ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ не е, како и дека Македонија ќе се најде под санкции од европските партнери доколк тие формираа влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот