ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Иванова: Нашето општество се` уште гледа со предрасуди на меѓурелигиските врски и бракови

Тина Иванова / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Во студиото на „Слободен печат“ водителот и актер Дениз Абдула разговараше со авторката Тина Иванова за нејзиниот најнов роман „Се чини, се` уште постои љубов“ кој зборува за љубовта меѓу двајца од различна религија, односно христијанка и муслиман.

„Не би било тоа толку важно од која религија се доколку двајцата главни ликови не наидуваат на пречки од оопштеството, бидејќи нашето општество е полно со предрасуди и нивната љубов којашто е филмска на некој начин се судира со општествените стеги и почнува да замира заради притисоците од општеството. Знаеме сите дека и кај нас и во светот и врските и браковите кои се меѓурелигиски се проблематични иако не би требало да биде така“ посочи Иванова.

Авторката го гледа нашето општество како херметички позатворено и како што вели таа, токму со нејзиниот најнов роман, укажува на предрасудите што се случуваат и ден денеска.

„Наназад во историјата и денеска, во ова современо општество во кое живееме, таквите љубовни врски како оваа во романот, таквите партнерски, па дури и пријателски врски се на некој начин стигматизирани и кон нив се покажува со прст, дали од семејството, родителите, дали од околината. И овој роман зборува токму за предрасудите во општеството, токму преку оваа љубовна реалција на главните ликови“ посочи Иванова.

Целото интервју со Тина Иванова, погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот