ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Меѓународниот кривичен суд е пред нов тест за случајот со Израел, налогот за Путин остана нереализиран

Методи Хаџи Јанев / Фото Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

По најавата од обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за издавање на налог за апсење на клучните фигури во актуелниот израелско – палестински конфликт, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана како и против тројца лидери на палестинската терористичка организација Хамас, останува прашањето дали и овој случај ќе има иста судбина како и налог за апсење кој минатата година МКС го издаде за рускиот претседател Владимир Путин поради воената интервенција врз Украина.

– Фактот дека е покренато обвинение, исто како и во случајот со Путин покажува дека Судот не прави разлика за западно поддржани или западнонегирани режими кои всушност се напаѓаат, но друга работа е колку сето тоа ќе биде можно да се спроведе. Интересно е сега што голем број на западни правници кои беа гласни, кога излезе обвинението против Путин дека е многу тешко, или ѓаволски тешко ќе биде да се спроведе тоа обвинение, сега ќе видиме дали тие правници или како ќе реагираат на ваквиот развој на настаните, особено затоа што тие беа многу гласни тврдејќи дека е можно да се егзекутира оваа најава против Путин и дека Путин би можел да биде уапсен, анализира проф. д-р Методи Хаџи Јанев за „Слободен печат“.

Голем предизвик во Израел ќе биде справувањето со поддршката која Израел и раководството во конфликтот со Палестинците и Хамас ја добиваат од САД, а и самиот американски претседател Бајден и државниот секретар се изјаснија дека се против кривичниот прогон на израелското воено раководство за воени злосторства врз палестинскиот народ.

-Останувам на ставот дека прво ќе треба да се порази режимот на Израел но и да се тргне раката на поддршка на САД за да може да се уапси Биби, а за водачите на Хамас претпоставувам дека полесна е веќе ситуацијата, но во тој случај ако се уапсат водачите на Хамас, тоа претставува уште посериозен проблем во расцепот којшто како клин веќе стои во сите оние заговори за вредности коишто се заговараат за некаков си систем барзиран на непочитување на нормите на меѓународното право. Сѐ на сѐ, сето ова претставува вистински удар во напорите и на двете страни во геополитичката трка да го изградат аргументот за тоа дека бараат правда, задоволувајќи го меѓународното право. И авторитарните режими коишто се предизвикувачи во оваа геополитичката трка но и либералната демократија, добар дел од земјите коишто го поддржуваат Израел  сега се соочени со сериозен тест како и на кој начин да ги амортизираат своите наративи за почитување на вредностите и своите дела во имплементирање на тие вредности, вели Хаџи Јанев.

Професорот во анализата за „Слободен печат“ предупредува за каскадни последици од ваквите одлуки кои не смеат да се занемарат и може да имаат сериозни импликации врз целиот регион.

-Може и Нетанјаху ќе биде уапсен но треба да го исконтролирате гневот или ако не ги исконтролирате гневот не само на Израел и на Вашингтон и сето тоа само по себе ја става на тест оваа меѓународна институција како и многу прашања во контекст на Африка и Поранешна Југославија – на трите страни, босанската, хрватската и српската, но и за нашата страна, дали и каква е легитимноста на тие институции, дали навистина станува збор за политички одлуки или се работи за меѓународна правда или меѓународно право кое постои во некаква рамка која е поддржана. Тоа ќе има сериозни импликации и врз сите во регионот, како што е сегашната резолуција против Србија за геноцидот во Сребреница, вели Хаџи Јанев.

Од друга страна, Норвешка, Шпанија и Ирска веќе најавија признавање на Палестина кон крајот на мај што испраќа поинаква порака.

-Ова е сериозен удар за внатрешната кохезивност во рамки на западната демократија но и сериозен удар и за сите обиди на авторитарните режими да се прикаже западната демократија како демократија со двојни стандарди. Со овој чекор овие држави всушност заземаат иста линија во ставовите на штитење на Украина, но не и во случајот на Израел, со ставовите за штитење на Палестинците бидејќи сметаат дека со ваквите ставови се прекршува меѓународното право за кое заговараат дека се против, дециден е Хаџи Јанев.

Целата анализа на проф. д-р Методи Хаџи Јанев погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот