ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Грковска: Црната листа на САД беше една силна шлаканица за нашиот правосуден и обвинителски систем

Славица Грковска - вицепремиер за политики и добро владеење /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Она што ме испровоцира за ваков предлог закон е таа една чудна лесностија на неодговорност и игноранција на нашите судски органи и нашето обвинителство, рече вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска во интервју за Слободен Печат запрашана околу предлог законот за рестриктивни мерки

„Ако знаеме дека тие листи на санкции независно дали се од ЕУ, САД или ООН, се базираат строго на докази кои меѓудругото се од нашите македонски институции, неподносливо е непостапувањето на обвинителството и на правосудните органи, без притоа да се запрашаат како е можно нашите партнери да ги имаат документите врз основа на кои одлучиле да донесат таква мерка, а нашите домашни институции да не си ја сработиле својата работа. Тоа е уште еден доказ за недовербата во правосудниот систем и тоа е буквално шамар, шлаканица за нашиот правосуден систем“ рече Грковска.

Таа смета дека законските измени ќе предизвикаат соодветна реакција во правосудството.

„Да имате случаи кои нашите партнери ги имаат врз основа на докази од нашите инситуции, а тие да не си ја сработеле нивната работа, и при тоа да не гледаме никаква реакција, никаква грижа на совест, никаква засегнатост од нивна страна…сметам дека ова во најмала рака ќе ги принуди, да мора да почнат со постапката и конечно да почнат да ги почитуваат роковите што ги имаат со нашето законодавство, заради тоа што нашите граѓани сакаат да видат конечно правда што ќе важи за сите. Со ова предлог законско решение ќе се види колку од оние што зборуваат за борба против корупцијата и организираниот криминал се навистина искјрени во тоа а колку е тоа само флоскула“ заклучи Грковска.

Повеќе од интервјуто на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот