Д-р Мина Маринковиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Мина Маринковиќ: Естетските трендови се менуваат, но убавината останува

Да ја обликуваш убавината без да ја изгубиш природноста е суштината на пластичната и реконструктивна хирургија. Денес, оваа професија не значи само промена на надворешноста, туку и создавање рамнотежа помеѓу изгледот и внатрешното чувство на убавина.

„Слободен печат“ разговараше со доктор Мина Маринковиќ – специјализант по пластична и реконструктивна хирургија при Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија „Мајка Тереза“ во Скопје. Пред да се посвети на пластична хирургија, таа волонтерски била дел од Клиниката за дигестивна хирургија, што ѝ дало дополнително искуство во медицината.

 

Маринковиќ потекнува од спортско семејство, како мала активно се занимавала со тенис од четвртата до осумнаесеттата година, дури била и државен првак на Македонија. Покрај тоа, нејзини хобија и страсти се коњите и тренинзите по јавање.

Нејзината професија токму во оваа бранша не е случајна:

– Жeлбата за мојата професија произлезе од една помалку интересна случка кога јас како помала бев хоспитализирана во болницa, имав мал оперативен зафат и после тоа бев сигурна дека моја професија ќе биде хирургијата.

Доктор Маринковиќ ни објасни за естетската медицина која за поголем дел од клиентите не е здравствена потреба, туку личен избор на пациентот. Таа истакнува дека е важно пациентот да се чувствува убаво во својата кожа, без разлика дали користи естетски процедури или не.

Д-р Мина Маринковиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Трендовите во естетската медицина се менуваат брзо, особено поради влијанието на социјалните мрежи врз младите.

– Трендовите кај младите се менуваат динамично, но убавината на младоста никогаш нема да се смени и младите треба да го уживаат тој период. Ние како лекари треба да ги поставуваме границите на нереалните барања и да спречиме злоупотреба од страна на ненаучни лица – објаснува таа.

Пластичната и реконструктивна хирургија за неа претставува уметност, каде реконструктивните операции се примарни, а естетската хирургија е дел од таа уметност. Тоа вклучува интервенции поради здравствени причини, како операции по карциноми или реконструкција на лице, рака или стапало, но и естетски процедури за подобрување на изгледот.

Д-р Мина Маринковиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Кај д-р Маринковиќ пациентите доаѓаат со идеи што не се најдобри за нивната анатомија. А нејзината работа е таа да ги насочува кон тоа што е правилно и здраво, а посебно се фокусира на природниот изглед, свежината и одмореноста на лицето, без да се наруши неговата физиологија.

– Пациентите често доаѓаат со веќе спремна слика за тоа како сакаат да изгледаат. Но секогаш не е реално да се изведе тоа. Нашата задача е да им покажеме што е најкорисно и правилно.

Таа посебно ја истакна апликацијата на нехируршки конци за лифтинг на лице, што овозможува подигнување на структурите на лицето со краток период на рехабилитација, без резови и конци, постигнувајќи природен и свеж резултат.

Д-р Мина Маринковиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Доктор Мина смета дека, покрај тоа што е важна надворешната убавина, треба да се негуваме и да бидеме благодарни за природниот изглед што веќе го имаме. Како лекари, нивната задача е да постават граници, да насочуваат и да се грижат за здравјето и безбедноста на пациентот, додека истовремено овозможуваат индивидуален избор и задоволство од естетските интервенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот