Видеоигра: Нови технологии за запознавање со историјата

Видеоиграта „The Rude Awakening“ e мултимедијално патување по стапките на секојдневниот живот на војниците на фронтот од Првата светска војна и ја раскажува историјата со поглед кон иднината. Видеоиграта е создадена како резултат на синергијата помеѓу неколку европски субјекти и има за цел да го опише драматичниот конфликт од Првата светска војна меѓу европските нации.

Постојат многу начини за враќање, заштита и подобрување на сеќавањата за нашето минато, а со дигиталните технологии се внесуваат и видеоигри и виртуелна реалност. Целта на играта е новите генерации да се запознаат со историјата, како и да се подигне свеста кај младите луѓе на возраст од 13 до 20 години на темите војна и мир.

Почнувајќи од септември, играта ќе биде достапна во сите музеи на проектните партнери во Австрија, Словенија и Северна Македонија. Ќе биде достапна на пет јазици: англиски, италијански, француски, германски и македонски со четири нивоа на играње за време од пет часа игра. Играта ќе биде достапна на интернет на почетокот на 2022 година.

Партнер во проектот од нашата држава е Македонскиот центар за фотографија, а првата презентација на видеоиграта се случи на 15 септември во киното „Манаки“ во Битола.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 97, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-19 септември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот