ВИДЕО+ФОТО: Тетовци страдни за чист воздух, со недели горат диви депонии

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

За неколку месеци тетовци повеќето од времето ќе треба да го поминуваат дома оти доаѓа сезона на загаден воздух.

За време на зимските месеци концетрацијата на штетни ПМ десет честички е и за десетина пати поголема од дозволени граници.

Но, од аерозагадуавњето граѓаните од тетовско немаат раат и во летниот период.

Секоја недела избиваат пожари на диви депонии, од каде се шири канцероген воздух.

Пожарот на депонијата кај село Добарце, Општина Желино каде пламените јазици не стивнуваа 8 дена дури денеска се локализираше, но како што вели командирот на ТППЕ – Тетово, пожарот не е целосно ликвидиран.

Тетовските пожарникари повеќе од една недела се бореа со пламените јазици на дивата депонија во Добарце. Се истураше вода, но бадијала, пожарот, вели командирот Амети се изгасна благодарение на посебен препарат.

Но, освен од оваа – низ Тетово се шири чад и смрдеа од други две депонии лоцирани во селата Селце и Ѓермо.

„Благодарение на препаратот кој се меша со вода кој ни го препорача еден стручњак од Битола го изгаснавме оганот на депонијата во Добарце. Но, за жал имаме две нови депонии, оттаму чадот се шири низ Тетово, ќе треба да се ангажира експертот од Битола да се реши и таму проблемот. Не знам дали некој ги пали намерно, дали се самозапалуваат, тоа не можам да кажам, наше е да интервенираме и да апелираме луѓето да бидат внимателни покрај депониите, но и покрај пасишта и планини, каде сега поради топлото време може многу брзо и лесно да избувне пожар“, вели Авни Амети Командир на ТПП Тетово.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Од Општина Желино, денеска ја посетија депонијата во село Добарце, која е во атарот на нивната општина.Се правдаа дека уште во 2017 година на сопственикот кој управувал со депонијата му ја одзеле концесијата оти не работела според стандарди. Оттаму истакнаа дека наскоро ќе се започне и со остранување и транспортирање на сметот од депонијата.

„Тука сме пред депонијата во Добарце, конечно успеавме да го изгасиме пожарот. Ние од 10 септември се трудевме да го изгасиме пожарот, но тоа беа нашите капацитети. Им благодарам на тетовските пожарникари што се залагаа за целосно гасење на пожарот. Му благодарам лично на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ни даде една препорака , една компанија специјализирана за гасење на пожари која ни препорача еден препарат специјализиран за гасење и ние вчера со тој препарат успеавме да го изгасиме пожарот. Депонијата во Добарце постои од 2007 година, значи ние целосно сме му забраниле на концесионерот да фрла отпад тука, не требало да се дозволи тука да се фрла отпад. Ние како општина во 2017 година сме ја раскинале концесијата со него. Било договорено да нема депонија.Но, тука се уште има смет и тој смет ќе се носи во регионалната депонија Русино“, вели Јасин Демири од Општина Желино.

Дивите депонии ги има во секоја општина. Се дава дозвола да се претовара сметот, но работаат без стандарди, како оваа во атарот на село Добарце, но и таа во тетовска Волковија, Општина Желино,

Силна неподнослива миризба на 22 август годинава ги разбуди жителите од полошкиот регион, откако голме пожар избувна на депонијата кај село Волковија, Општина Брвеница. Гореа илјадниците тони разновиден смет од каде се ширеше чад и миризба во тетовско-гостиварскиот регион.

По неколку дена Државниот инспекторат за животна средина донесе решение со кое изрече и парична казна за фирмата ДТУ „Еко Ливинг“ ДООЕЛ од Чегране за пожарот што се случи на депонијата, која работеле без почитување на стандарди.

Концесионерот на депонијата кај Волковија каде избувна пожар доби парична казна од 9.500 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот