ВИДЕОАНКЕТА: Св.Трифун или Св.Валентин? фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА: Св. Трифун или Св. Валентин?

Ист датум, два празника: Св. Валентин – Денот на вљубените и Св. Трифун – едниот со подолга традиција на овие простори, другиот „увезен“.

„Слободен печат“ ги праша скопјани што ќе празнуваат денес – нашиот традиционален празник со вино и закројување на лозјата, или Денот на вљубените со подароци, чоколади и љубов.

Дел од граѓаните велат дека ќе го слават Св. Трифун, бидејќи е традиционален, но не ги исклучуваат ни романтичните моменти на Св. Валентин:

„И тоа и тоа. Денот на лозарите и Денот на вљубените“, објаснува еден анкетиран.

Еден млад човек вели дека не верува во Валентин:

„Не верувам во Валентин. Реалниот празник што треба да го славиме е Св. Трифун.“

Еден господин додава за значењето на Св. Трифун:

„Св. Трифун е кога лозјата се закројуваат, за да има род, за да има вино, за да бидеме радосни и весели.“

 

Дел од граѓаните би го славеле празникот дома, со најблиските. Една госпоѓа ни објасни зошто не ги слави двата празници:

„А зошто да славам? Тоа што го славиш, треба да го имаш.“

Друг анкетиран додава дека празникот треба да биде и симбол на внимание и љубов:

„Св. Трифун ќе славам, ама мислам дека е добро да се слави и за убав повод. Се трудам да немам потреба за купување на конкретен ден, туку да давам љубов и внимание секојдневно.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот