ВИДЕОАНКЕТА: Со изгор цени на пиперки не се прави зимница!

Во полн ек е сезоната на правење зимница. Имајќи ги во предвид покачувањата на цените на пиперките и доматите во земјава екипа на „Слободен Печат“ се упати на локалните пазари со прашања дали можат да си дозволат да направат зимница годинава? Ќе значи ли ова крај на традицијата за правење на ајвар и лутеница?
Граѓаните се со поделено мислење, за дел е премногу скапо и нема да прават зимница, за друг дел мора да се јаде без разлика на цената.
– Секако ќе правам зимница. Јас не очекувам никаква криза, јас сум прилично задоволна- вели една скопјанка.
За друга се е премногу скапо.
– Годинава нема да правам зимница затоа што е многу скапо. Не, не ни одговара пазарот. Ќе купам готов производ од продавница- вели случајна минувачка која ја сретнавме.
Друга вели дека не прави од практични причини. Нејзиното семејство не јаде зимница.
– Прво не ми јадат, второ многу е скапо. Со мојата пензија што да правам- вели една пензионерка.
Постара госпоѓа се жали дека и поставуваме тешко прашање.
-Може, ќе правам зимница ама минимално. Се е премногу скапо 100 денари пиперките, домат 100 денари.
Релативно се високи цените и многу тешко е да се направи- вели госпоѓата. Таа објаснува дека стандардот во Македонија ни е слаб многу, посебно за пензионерите, пензиите се мали едвај се крпи крај со крај.
Скопјанец вели дека мора да се јаде. Ќе купи 100 килограми пиперки за 40 тегли.
Целата анкета погледнете ја овде: