ВИДЕОАНКЕТА | Кои се Св. Кирил и Методиј?
Денот на сесловенските просветители и мисионери на христијанството, Св. Кирил и Методиј, се прославува на 24 мај. Родени се во Солун во IX век, станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата „апостоли на Словените“ – заслужни за создавање на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик.
Препорачано
„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали знаат зошто се слави 24 мај и кои се Св. Кирил и Методиј.
На прашањето Дали знаете зошто се слави 24 мај?, добивме неколку точни одговори, а имаше и некои кои не знаеја.
-Немам поим. Учев во основно и средно, ама двојка имав македонски, така што, може да претпоставите… – рече еден од анкетираните.
Различни одговори добивме и на прашањето Кои се Св. Кирил и Методиј?.
-Св. Кирил и Методиј и брат му, тие се творци на македонската глаголица и биле пратени од византискиот император да го шират писмото на север – изјави еден граѓанин.
Други одговорија:
-Кирил и Методиј се основоположници на глаголицата. Нашите просветители што ја земале глаголицата и што ја имаат направено кирилицата која ја користиме денес – изјави едно момче.


