ВИДЕОАНКЕТА | Кои се најдобро облечени политичари во Македонија?
Облеката и начинот на кој ја носите секогаш го остава првиот впечаток кај луѓето, па според тоа субјективно се оценува изгледот. „Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните кои машки и женски политичари во Македонија „најубаво се носат“, односно кој е најдобро и најлошо облечен политичар во Македонија.
Препорачано
На прашањето „Кој е најдобро облечен политичар во Македонија“ добивме неколку одговори во кои беа пофалени премиерот и некои од министрите.
– Премиерот добро се облекува, исто и министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи… Добри се, во глобала 90 отсто океј се облекуваат – изјави еден од анкетираните.
Анкетираните во дел од изјавите велат дека не следат политика.
Еден од анкетираните ни кажа која политичарка, според него, најубаво се облекува:
– Би рекол министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска – рече тој.
На прашањето кој е најлошо облечен не добивме конкретен одговор од страна на анектираните граѓани, кои велат дека оваа тема е навистина субјективна.
-Не би одел со име сега, малку е неблагодарно, сега не сум јас тој што оценува облекување. Не сум од таа фела, така што не би кажал имиња, меѓутоа, според мене, има доста – кажа еден случаен минувач.


