ВИДЕОАНКЕТА | Како се грижиш за планетата Земја?
Светскиот ден на планетата Земја се одбележува на 22 април. На овој ден се одржале најголемите еколошки демонстрации во историјата, поради што овој ден е прифатен како Ден на планетата Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година во Рио де Жанеиро.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Слободен печат“ ги праша граѓаните како се грижат за планетата Земја, колку често засадуваат дрвја и дали рециклираат или реупотребуваат предмети?
Речиси сите анкетирани одговорија дека би можеле повеќе и поактивно да се грижат за планетата Земја, внимавајќи на рециклирање на амбалажи, реупотребување на предмети, штедење вода и електрична енергија и слично.
-Навистина мислам дека можам повеќе да се грижам за планетата Земја, но сега засега пробувам никогаш да не фрлам ѓубре наоколу на земјата и би сакала малку да намалам со возење автомобил – рече една млада девојка.
На прашањето дали во последнава година засадиле дрво или семе, речиси сите анкетирани одговорија позитивно, со тоа што, дел од нив засадиле дрвја, а поголем дел цвеќиња во нивните дворови.
-Да, пред два дена имаше акција на засадување на дрвја во Куманово, така што учествував во таа акција – изјави еден студент.
Меѓу одговорите на студентите, за рециклирање на амбалажи и реупотребување на предмети граѓаните одговорија дека најчесто рециклираат пластични шишиња, користат метални цевки за пиење и најчесто реупотребуваат тегли.
– Многу реупотребувам тегли. Најчесто ги користам за да пренесувам храна и течности во нив, наместо во пластични садови – изјави еден од анкетираните.


