ВИДЕОАНКЕТА | Како обезбедувате лекови, приватно или на позитивна листа?
По веста дека дека од пред неколку дена во аптеките во земјава почнува издавањето на девет нови лекови на позитивната листа, „Слободен печат“ ги праша граѓаните како ги обезбедуваат лековите, каде ги купуваат и дали цената е прифатлива за нив? Најголем дел од анкетираните загрижени бидејќи лековите се многу скапи, а има и такви кои ги купуваат во странство.
-Загрижена сум. Јас сум здравствен работник и многу е скапо- вели скопјанка.
Пензионер објаснува дека цената не е достапна, не само за него туку и за сите.
-Секој месец околу 1500 денари давам за лекови за мене и исто толку за жена ми. Над 3000 даваме само за лекови, вели тој.
На прашањето дали можете да си дозволите да ги купите сите лекови кои ви се потребни, најголем дел од нив велат дека често имаат проблеми.
-Па, некогаш одиме дури во Србија, во Врање, да ги земеме лековите, бидејќи тука ги нема- вели повозрасна скопјанка.
Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: