ВИДЕО: Зошто се расплака Дуа Липа?

Instagram
Дуа Липа / Instagram

Британската поп ѕвезда Дуа Липа, со потекло од Косово, доби дури шест номинации за претстојното доделување на Греми наградите. Нејзината реакција на социјалните мрежи стана вистински хит – таа се расплака кога дозна дека се наоѓа и во трка за албум на годината.

Имено, Тејлор Свифт и Дуа Липа се натпреваруваат за најважната награда – албум на годината – заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, групата ХАИМ, Џејкоб Кулиер, Блек Пума и Џене Аико.

Instagram
Instagram

Липа својата реакција ја објави на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“. Нејзините соработници ја снимиле додека таа разговарала со својот менаџер кој ја известил дека е номинирана во дури шест категории.

 

„Ова не е реално, имам шест номинации за Греми, овој живот не е реален“, напиша Липа на Инстаграм.

„Моето срце чука неверојатно силно и во огромен шок сум. Не можам да престанам да плачам. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, додаде таа.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот