ВИДЕО | Знае ли Ѓоковиќ дека има 38 години? Погледнете каков поен освои против Дрејпер
Рекордерот по бројот на титули на турнирот во Индијан, Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот во осминафиналето по поразот од бранителот на трофејот Џек Дрејпер со 2-1 во сетови по пресврт.
Препорачано
Српскиот тенисер подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 6-4, откако направи брејк во десеттиот гем. Сепак, Британецот возврати во вториот сет со ист резултат и го однесе натпреварот во решавачки трет сет.
Веќе во првиот гем од третиот сет, при резултат 30-30 на сервис на Ѓоковиќ, публиката беше сведок на можеби најатрактивниот поен на турнирот оваа година. Двајцата тенисери разменија дури 26 удари, а Дрејпер се обидуваше да го освои поенот со различни удари, слајс, скратени топки и лобови. И покрај тоа, Ѓоковиќ стигнуваше до секоја топка и на крајот на мрежа мајсторски го заврши поенот, кревајќи ја публиката на нозе.
Тој гем му припадна на српскиот ас, но во следниот сервис-гем дозволи три брејк топки. Дрејпер ја искористи третата можност и направи брејк. Подоцна, при водство од 5-4, Британецот сервираше за победа, но Ѓоковиќ успеа да возврати со брејк и да го продолжи мечот. Победникот беше решен во тај-брејк во третиот сет, каде Дрејпер направи еден мини-брејк повеќе и на крајот славеше со 4-6, 6-4, 7-6 (5), обезбедувајќи пласман во четвртфиналето.
NOVAK DJOKOVIC TIENE 38 AÑOS.
NOVAK DJOKOVIC TIENE 38 AÑOS.
NOVAK DJOKOVIC TIENE 38 AÑOS.🐐 LA CABRA ABSOLUTA.pic.twitter.com/xiIaPLM2ey
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) March 12, 2026
Немаше сила за повеќе, Ѓоковиќ по голема борба елиминиран во осминафиналето на Индијан Велс


