ВИДЕО | Заврши норвешката бајка во ЛШ: Спортинг со огромен пресврт за четвртфинале
Фудбалерите на Спортинг вечерва направија чудо во Лисабон откако се вратија од три гола негатива и го победија Бодо/Глимт со 5:0 по продолженијата и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Препорачано
Норвежаните кои беа меѓу најголемите изненадувања сезонава во ЛШ, а во првиот натпревар славеа со 3:0.
На возвратниот дуел во Португалија, стрелци на Спортинг беа Инасио во 34 минута, Гонсалвеш во 64 минута и Луис Суарез од пенал во 78 минута, и така домаќинот целосно се врати во двомечот за одржување на шансите.
Спортинг во првото продолжение, поточно во 92 минута, дојде и до предност од 4:0 со погодокот на Араужо.
Конечниот епилог го постави Нел пред крајот на второто полувреме (120+1`) за комплетирање на „петардата“.
Статистиката покажува дека Спортинг вечерва имаше речиси 40 удари кон противничкиот гол, и математиката, заедно со играта, беше апсолутно на нивна страна, додека гостите беа премногу незрели за да ја продолжи својата најубава бајка во елитното европско клупско натпреварување.
Спортинг во четвртфиналната фаза на ЛШ ќе игра со подобриот тим од натпреварот Арсенал – Баер Леверкузен каде по првиот меч, резултатот е 1:1.


