Леброн Џејмс/Los Angeles Lakers

ВИДЕО | Заврши низата на Леброн од 1.297 натпревари, Лејкерс и без Дончиќ го доби Торонто

По повеќе од 18 години и неверојатни 1297 последователни натпревари во регуларниот дел од НБА-лигата, заврши серијата на Леброн Џејмс од натпревари со најмалку десет постигнати поени.

Најдобриот стрелец во историјата на НБА (42.268 поени) натпреварот изминатата вечер го заврши со само осум поени, во драматичната победа на Лос Анџелес лејкерс над Торонто репторс со 123-120.

Џејмс имаше шанса да го земе последниот шут и да ја обезбеди победата, а со тоа можеше и да ја проолжи низата. Но, како што многупати истакнал во својата 23-годишна кариера, се одлучи за тимски потег и му асистираше на Хачимура кој беше во подобра позиција.

Хачимура ја искористи ситуацијата, беше прецизен и така донесе радост за својот тим.

Лејкерс во овој натпревар беше и без услугите на Лука Дончиќ кој мораше да отпатува за Словенија поради раѓањето на неговото второ дете. Одличен на теренот беше Остин Ривс со 44 поени и десет асистенции, додека Леброн покрај осум поени, додаде и 11 асистенции со шут од игра 4/17.

Најдолги серии од натпревари со најмалку 10 поени во НБА:

Леброн Џејмс – 1297

Мајкл Џордан – 866

Карим Абдул-Џабар – 787

Карл Мелоун – 575

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Голден стејт 99-98, Вашингтон – Бостон 101-146, Бруклин – Јута 110-123, Торонто – Лос Анџелес лејкерс 120-123,, Њу Орлеанс – Минесота 116-125.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот