ВИДЕО | Заврши Мундијалот за Србија, Швајцарија му се придружи на Бразил

Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Србија не успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата откако вечерва Швајцарија во возбудлив натпревар славеше победа со 2:3.

Швајцарците први стигнаа до предност после само 20 минути, а стрелец на голот беше Џердан Шаќири кој беше одличен во текот на целиот натпревар. До изедначување Србија дојде само шест минути подоцна кога Митровиќ на мајсторски начин го искористи нафрлувањето на Тадиќ.

Само десет минути подоцна Влаховиќ ја затресе мрежата на Кобел, стандардниот Зомер отсуствуваше поради настинка. Се играше финишот од првиот дел кога одбраната на Србија повторно попушти, а во листата на стрелци се запиша Емболо.

 

Конечниот резултат го постави Фраулер после само три минути игра во второто полувреме. До крајот на натпреварот следуваше нешто помирна игра во која изостанаа 100% прилики за гол, па Швајцарија го доби дербито и се пласираше во осминафиналето.

 

Во вториот натпревар вечерва Камерун го победи Бразил со 1:0 со гол во самиот финиш. Стрелец на голот беше Абубакар кој само неколку минути подоцна заработи и исклучување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот