ВИДЕО| Затворен автопатот во Вирџинија поради снег: Возачи ја минале ноќта во автомобилите
Возачите во американската сојузна држава Вирџинија беа принудени да преноќат во автомобили, откако дел од главниот автопат беше затворен поради снежното невреме кое ден претходно ја зафати областа.
Препорачано
Автопатот I-95, еден од главните сообраќајни коридори од север кон југ на САД, е затворен во двете насоки во близина на градот Фредериксбург, 89 километри јужно од главниот град Вашингтон, објави во вторникот Секретаријатот за транспорт на Вирџинија. .

„Нашите тимови активно работат за да им овозможат на сите да ја напуштат 95. Во тек се планови возилата запрени на автопатот да се насочат како блиски помали патишта за да можат да стигнат до алтернативни рути“, напиша агенцијата на својот профил на Твитер.

Сообраќајниот метеж започна во понеделникот, откако во делови од југозападниот и источниот дел на САД паднаа 30 сантиметри снег, што предизвика бројни несреќи, јавуваат локалните медиуми. Возилата останале заглавени на автопатот во текот на ноќта, кога температурите паднале под нулата, јави Гласот на Америка.


