ВИДЕО: Залудни се одличните игри на Јокиќ и Џејмс, порази на Денвер и ЛА Лејкерс

Добрата игра на Џејмс не помогна ЛА Лејкерс да го избегне поразот/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на Денвер нагетс и на ЛА Лејкерс се поразени иако нивните најголеми ѕвезди, Никола Јокиќ и Леброн Џејмс, остварија трипл-дабл.

Денвер е поразен од Сан Антонио со 123:111 во натпревар на кој ниту еднаш не беа во водство.
Јокиќ го отствари петтиот трипл-дабл сезонава со 22 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а добра партија во дресот на Денвер прикажа и Арон Гордон со 25 поени. Најдобар кај Сан Антонио кој ја прекина мини серијата од два порази по ред, беше Дерик Вајт со 23 поени, додека Лони Вокер постигна 21, а Дежонте Мареј даде 20 поени .

Мемфис благодарение на серијата од 9:2 на стартот од последната четвртина за прв пат дојде до двоцифрена предност во натпреварот против ЛА Лејкерс и на крајот славеше со 108:95.
Најдобар во редовите на Мемфис кој ја оствари шестата победа во последните седум натпревари беше Џарен Џексон со 25 поени, а се истакна и Дезмонд Бејн кој даде 23 поени.
На Лејкерси не им помогна ниту Леброн Џејмс кој оствари трипл-дабл од 20 поени, 10 скокови и 11 асистенции.


Во дербито на вечерта, Јута џез оствари убедлива победа од 118:96 над Филаделфија сиксерс. Ова беше седма победа по ред на Јута која со скор 18-7 е трета во Западната конференција зад Голден Стејт и Феникс. Филалдефија пак ја прекина серијата од три победи и сега има скор 14-12 за шесто во Источната конференција.

Предводник на Јута беше Донован Мичел со 22 поени и шест асистенции, Руди Гобер оствари дабл-дабл од 17 поени и 21 скок. Во редовите на Филаделфија се истакна Џоел Ембид со 19 поени и девет скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот