Генерална проба за одбележување на 30 години од „Олуја“ ФОТО/ Принтскрин Индекс.хр

ВИДЕО: Во Загреб започна генерална проба на воената парада по повод 30-годишнина од операцијата „Олуја“

Вечерва во Загреб се одржува генерална свечена проба за одбележувањето на 30-годишнината од операцијата „Олуја“, Денот на победата и Денот на хрватските бранители. Од 20 часот, генерална проба ќе одржат пешадиските, моторизираните и механизираните единици. Воведени се и посебни сообраќајни прописи, пренесува Н1 телевизија.

Вечерва граѓаните на Загреб ќе видат како ќе изгледа спектакуларниот настан, кој ќе трае до 23 часот.

 

Поради подготовките и одржувањето на воената парада, во Загреб денес и повторно во четврток се во сила посебни сообраќајни прописи. Утре нема да има посебен сообраќаен режим, но затворањата на улиците и булеварите повторно ќе започнат во четврток. На воената парада е предвидено да учествуваат и децата на хрватските ветерани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот