Фото: Принтксрин/Јутјуб

ВИДЕО | Во режија на Џејмс Ган: Новиот филм за Супермен доаѓа во кината низ целиот свет

Новиот филм за Супермен, во режија на Џејмс Ган, познат по „Чувари на галаксијата“ на Марвел, ќе има премиера во кината низ целиот свет оваа среда, додека во кината во САД и Канада ќе се појави во петок. Ова е третиот долгометражен филм за Супермен што се појави во кината, по „Враќањето на Супермен“ во 2006 година и оригиналниот филм од 1978 година.

Ворнер Брос има големи надежи за новиот филм, бидејќи се очекува да најави нова ера во „DC Studios“. Ган беше именуван за еден од двајцата извршни директори на студиото во 2022 година, заедно со продуцентот Питер Сафран.

Во разговор со новинарите, Ган рече дека сака да го прикаже Супермен на нов, свеж начин – што беше посебен предизвик за него со оглед на богатата историја на овој благороден херој, од неговото деби во стрипови во 1938 година, преку радио серии, телевизиски емисии и филмови.

„Сакав да ѝ дадам на новата генерација нешто поинакво, но и да вдахнам нов живот во „DC Studios“, рече Ган. Студиото сега работи како дел од меѓународната корпорација „Warner Bros Discovery“, формирана со спојување на „Warner Media“ (поранешна подружница на AT&T) и „Discovery“.

Во воведната сцена, Супермен, кој за прв пат го игра Дејвид Коренсвет – е прикажан крвав по борба, што е доста нетипично за „Човекот од челик“.

„Овој пат сакав да истражам страна од личноста на Супермен што не сме ја виделе претходно“, рече Ган.

Новиот Супермен живее во свет исполнет со суперхеројски пријатели, чудовишта, летачки кучиња, роботи… – инспирирани од детството на Ган и љубовта кон стриповите.

Во филмот се појавува и Крипто, четириножниот помошник и суперкуче на Супермен, првпат претставен во стрипот од 1955 година. Ган откри дека бил инспириран од сопствената палава мешана раса што ја посвоил.

Ѕвездата од „Прекрасната г-ѓа Мејзел“, Рејчел Броснахан, ја игра Лоис Лејн, додека Николас Холт го игра негативецот Лекс Лутор. Џими Олсен го игра Скајлер Гисондо, очувот на Супермен, Џонатан Кент го игра Пруит Тејлор Винс, а Изабела Мерсед ја игра Хокгерл, Ентони Кориган е Метаморфо, Еди Гатеги во улога на Мистер Терифик и Натан Филион како Гај Гарднер, член на Корпусот на Зелените Фенери.

Ган призна дека чувствувал голем притисок за да го направи филмот успешен.

„Чувствував притисок цело време, но по првите реакции можам да кажам дека сега се чувствувам прилично задоволен.“

Судејќи според реакциите на фановите на тизерот, новиот Супермен би можел да стане еден од најголемите хитови на бокс-офисот оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот