ВИДЕО | Во натпревар со два промашени пенали Рома го победи Удинезе, десетина минути за Несторовски

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Фудбалерите на Рома го совладаа Удинезе со 3:0 во рамките од 30-тото коло во италијанската Серија А на „Олимпико“.

Видовме три гола, но и по еден промашен пенал на двете страни. Екипата на Жозе Мурињо со овој триумф дојде до 56 бодови и чекори кон пласманот во Лигата на шампионите.

До водство Рома дојде во 37-та минута, кога Переира од Удинезе играше со рака во својот казнет простор. Кристанте од пеналот ја погоди стативата, но топката се одби до Едоардо Бове на кого не му беше тешко да погоди.

По десет минтуи игра во второто Рома ја зголеми предноста. По одличниот контранапад и проигрувањето од Белоти капитенот Лоренцо Пелегрини постигна гол и донесе нова радост на „Олимпико“.

Гостите имаа идеална прилика во 69-тата минута да го намалат водството, но Переира не ја реализираше најстрогата казна. Конечните 3:0 ги постави Абрахам во 91-та минута. Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски шанса доби во 78-та минута кога влезе на местото на Ловриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот