ВИДЕО: Во Индија евакуирани над 1,1 милиони луѓе поради циклонот Јас

Повеќе од 1,1 милиони луѓе се евакуирани од област на западниот брег на Индија пред налет на циклонот Јас.

Циклонот Јас се очекува да го погоди индискиот брег денеска околу пладне по локално време. Повеќе од илјада спасувачи се во состојба на готовност.

Во невремето и обилниот дожд загинаа две лица и уништени се домови во индиските сојузни држави Одиша и Западен Бенгал.

Според индиските метеоролози ветерот достигнува брзина до 155 километри на час. Поради циклонот Јас привремено се стопирани воздушниот и железничкиот сообраќај.

Најмалку 155 луѓе загинаа минатата недела во налет на циклонот Тауктае во западниот дел на Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот