Апсењето на новинарот Немања Шаровиќ / фото: скриншот

ВИДЕО: Во Белград е повторно уапсен новинарот и поранешен политичар Шаровиќ

Српската полиција денеска повторно го уапси новинарот на телевизијата „КТВ“, Немања Шаровиќ, објави „Нова.рс“.

Засега не е познато зошто е приведен, а според изјавата на самиот Шаровиќ дадена при апсењето, нему во 15 часот му била врачена покана да се јави во полиција во 15 часот, а кусо потоа го уапсиле затоа што наводно не се одзвал на поканата. Колегите на Шаровиќ од „КТВ“ велат дека се сомневаат оти власта го уапсила Шаровиќ, кој стана познат по анкетите со учесниците на провладините собири во Србија, за да се обиде да го задржи во притвор и да го спречи да известува во сабота, за кога се закажани големи собири низ земјата.

Шаровиќ беше приведен и на 8 март, додека известуваше од Пионерскиот парк во Белград, каде се одржува собир на луѓе блиски до владејачката партија на Александар Вучиќ, кои се претставуваат како „студенти кои сакаат да учат“. Неговото апсење беше директно пренесувано на КТВ. Во еден момент еден од учесниците на собирот го полил со кафе, а потоа жената го удрила по рацете и му го исфрлила микрофонот од рака.

Како што може да се види на видеото, полицаецот побарал од него да го напушти „Пионерскиот парк“ „поради опасност да дојде до големо нарушување на мирот и редот“. Полицајците потоа го одвлекоа Шаровиќ и го ставија во полициско возило.

Новинарот критичен кон српската власт, кој е некогашен пратеник во Српскиот парламент и функционер на Српската радикална странка на Воислав Шешељ (од која потекнува и претседателот Вучиќ, претходно изјави дека верува дека не го прекршил законот и дека се однесувал пристојно и дека дошол во паркот да ги праша студентите кои протестираат таму кои се нивните барања и зошто, наспроти мнозинството студенти во Србија, инсистираат академската година да продолжи.

ВИДЕО: Уапсен новинарот Шаровиќ кој постојано известуваше за протестите во Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот