Фото: Juventus FC

ВИДЕО | Влаховиќ даде гол од слободен удар, Јувентус ги разочара навивачите против Верона

Јувентус ги разочара своите навивачи откако на домашен терен одигра само 1-1 против веќе отпишаната Верона и пропушти да направи чекор напред кон пласманот во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ не успеа да го искористи ремито на Комо и поразот на Милан, а Рома сега има можност со победа над Фиорентина да се доближи на само еден бод до четвртата позиција. Иако Јувентус доминираше и создаваше повеќе шанси, гостите први го зададоа ударот, Боуви погоди во 34. минута и донесе предност за Верона, што беше и единствениот гол во првото полувреме.

Во продолжението, во игра влезе Душан Влаховиќ, кој во 62. минута реализираше од слободен удар за израмнување. До крајот Јувентус силно притискаше, а Един Жегрова ја погоди и стативата, но резултатот остана непроменет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот