ВИДЕО | Велковски: Конечно на Комисија влегуваат законите за финансиска помош

Не ми е јасно зошто во ваква здравствена и економска криза се блокираа закони кои што директно треба да инпутираат финансиски средства заради кризната ситуација до граѓаните и компаниите. За жал до сега бевме сведоци дека се блокираше се со цел да се дојде на власт. Во услови кога сите требаше да застанеме заедно за да се справиме со предизвиците за жал опозицијата ги блокираше тие закони кои вклучително и петтиот пакет беа влезени во процедура пред околу месец дена.

ВМРО – ДПМНЕ е на чело на комисијата за финансирање и буџет и конечно со многу напори и многу труд и разговори, на некој начин и протосок дека ова да се заврши за што и самите рекоа дека се сложуваат, денеска конечно ќе дојдат на дневен ред на комисиска расправа на која се надевам дека само ќе ги донесеме бидејќи се е јасно во која конотација се работи за овој закон за петтиот пакет, се работи за 160 милиони евра кои што во 29 категории и мерки се доделуваат финансиски средства и за стопанството и за автопревозници, голем дел влегуваат во даночната регулатива, за радиодифузерите 50 милиони денари, но морам да напоменам тука дека уште од минатата година блокиран е и законот од страна на опозицијата од четвртиот пакет со кои се предвидува над 21 илјада граѓани да добијат помош во висина од 6 илјади денари, вели за УБ пратеникот Диме Велковски од СДСМ.

Целиот разговор погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот