Фото: Принтскрин

ВИДЕО | „Велат дека мајка ми е ку*ва и дека го изневерувала тато со Албанец“ – Вучиќ им раскажа на Британците трач стар 16 години

Српскиот претседател, така, без посебен повод, му прераскажа на светот долгогодишна теорија на заговор, која во јавниот простор се појавува уште од 2010 година, кога првпат беше објавена во белградскиот неделник „Таблоид“, а подоцна периодично се враќаше преку таблоидни медиуми и социјални мрежи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена гостуваше во британскиот поткаст „Остатокот е политика“.

Во поткастот зборуваше дека Србија води самостојна политика и дека не е руска марионета, но и дека не е вистина оти Русија е светилник на злото, а Западот светилник на демократијата.

Тој рече дека „многумина ширум светот почнале да прават нешто против суверени нации бидејќи виделе дека се менувани границите на Србија“, мислејќи на Косово.

Но на социјалните мрежи најмногу се шири делот во кој Вучиќ на Британците им прераскажува трач дека неговата мајка била проститутка која го изневерувала неговиот татко со Албанец.

„Аргумент во кој некој фрла клетви врз вас и дури додава дека вашиот татко, всушност, не е ваш татко, бидејќи мајка ви била курва и го изневерувала вашиот наводен татко со еден Албанец и дека затоа сте толку проалбански настроени“, рече Вучиќ во поткастот.

Трачот е стар 16 години

Вучиќ, така, без посебен повод, му прераскажа на светот долгогодишна теорија на заговор, која во јавниот простор се појавува уште од 2010 година, кога првпат беше објавена во белградскиот неделник „Таблоид“, а подоцна периодично се враќаше преку таблоидни медиуми и социјални мрежи.

Во центарот на тој трач е тврдењето дека биолошкиот татко на Вучиќ не е Анѓелко Вучиќ, туку косовскиот новинар Фахри Муслиу, што никогаш не е докажано, а двајцата тоа повеќепати го демантирале. Самиот Муслиу велел дека станува збор за повеќегодишна клеветничка кампања што се шири низ Балканот и повремено повторно се активира во политички контекст, при што неговото име се користи без никакви докази.

Вучиќ низ годините на тие тврдења реагираше главно како на пример за политички напади и обиди за дискредитација, често јавно споменувајќи ги во телевизиски настапи и кампањи за да покаже, како што тврди, на какво ниво на навреди е изложен.

Во одредени периоди, особено за време на изборни кампањи, и самиот ги истакнуваше тие наводи, тврдејќи дека доаѓаат од политички кругови и опскурни медиуми, и ги користеше како аргумент за „валкана кампања“ против него.

Косово влегува во криза – следуваат нови предвремени избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот