ВИДЕО | Уште еден ефикасен натпревар, Ливерпул до победа со Астон Вила

Фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Продолжи ефикасното 17. коло во Премиер лигата и со натпреварот помеѓу Ливерпул и Астон Вила кој заврши со победа на „црвените“ од 1:3.

Ливерпул многу рано по пет минути игра стигна до предност, а стрелец на голот беше Мохамед Салах. Асистент на Салах при овој гол беше Енди Робертсон кој со 54 асистенции стана дефанзивецот со најмногу асистенции во англиската Премиер лигата.Робертсон зад себе го остави Лејтон Бејнс кој застана на 53.

Продолжи офанзивната игра на Ливерпул и во наредните минути. Матип ја погоди мрежата во 20-тата минута, но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Сепак избраниците на Клоп стигнаа до зголемување на водството во 37. минута преку Ван Дајк. Со предност од 0:2 Ливерпул замина на пауза.

На самиот старт од вториот дел Воткинс ја погодува мрежата на Алисон, но и овој гол беше поништен поради офсајд. Воткинс сепак успеа да се запише во листата на стрелци во 59. минута. Конечните 1:3 ги постави Бајќетиќ во 81. минута.

Во терминот од 21:00 часот Арсенал и Вест Хем го играат последниот натпревар од денешната програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот