ВИДЕО: Тричковски запиша асистенција, АЕК Ларнака во третото коло на Конференциската лига

фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

АЕК Ларнака одигра 1:1 во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига против Жодино од Белорусија.

Благодарение на победата од 3:2 во првиот меч кипарскиот состав се пласираше во следната фаза.

А во третото квалификациско коло поголеми се можностите АЕК Ларнака да игра против Макаби Тел Авив од Израел кој во првите 90 минути против молдавскиот Петрокуб Хинчешти славеше со 3:0.

На денешниот дуел во Ларнака кај домаќините поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски влезе во игра од 71 минута.

Во самиот финиш од средбата (90+6`) нашиот напаѓач асистираше до Понс за водство од 1:0. Две минути подоцна гостите израмнија преку Горбачик за поставување на конечниот епилог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот