ВИДЕО | Трамп ќе гради своја триумфална порта во Вашингтон – еве како ја замислува
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов грандиозен проект со кој, како што рече, сака трајно да остави белег во Вашингтон – изградба на триумфална порта, инспирирана од познатата Триумфална порта во Париз.
Препорачано
Планот го обелодени на свечена вечера со богати бизнисмени, кои ветиле дека ќе донираат средства за изградба на балска сала во Белата куќа вредна 250 милиони долари. Трамп не откри колку би чинела самата порта, но нагласи дека ќе биде „навистина убава“ и „фантастична“.
Според информациите, проектот треба да биде поставен на крајот од Меморијалниот мост во Вашингтон, кој го премостува Потомак. На вечерата, Трамп ги претставил три различни модели на идната порта и признал дека најголемата верзија му е омилена.
Ова е само дел од низата промени што Трамп ги спроведува во Белата куќа и околината. Претходно ја претвори познатата Градина со рози во поплочена тераса, со што, според него, просторот добил „повеличествен изглед“. Со новата порта, тој сака да создаде споменик по кој, како што вели, ќе се памети неговото семејство.
Проектот веќе предизвикува внимание поради сличноста со париската Триумфална порта, издигната во чест на борците од Француската револуција и Наполеоновите војни — симбол на победа и национален гордост кој, очигледно, Трамп сака да го пренесе и во американската престолнина.


