Извор - скриншот Фокс њуз
Извор - скриншот Фокс њуз

ВИДЕО | „Трамп ја заслужи Нобеловата награда за мир и сакам да ја поделам со него“, рече опозиционерка од Венецуела

Марија Корина Мачадо, венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, смета дека Доналд Трамп заслужува да стане лауреат за таа награда.

Запрашана дали му ја понудила Нобеловата награда што самата ја доби, Мачадо одговори дека уште не го направила тоа.

-Сакаме да му ја дадеме. Да ја поделиме со него. Му ја посветив на претседателот Трамп зашто тогаш верував дека тоа го заслужува. Многумина зборуваа дека е неможно да се постигне она што тој го постигна во саботата на 3 јануари. Ако мислев дека ја заслужува Нобеловата награда во октомври, сега замислете тек сега како е. Му покажа на светот што значи тоа, рече Мачадо.

Мачадо изрази надеж за иднината на Венецуела после акцијата на Трамп.

-Сакам денеска во име на венецуелскиот народ да изразам колку сме благодарни на неговата храбра визија и историските акции што ги презеде против овој наркотерористички режим, да почне со разбивање на структури и изведување на Мадуро пред правдата. Тоа значи дека 30 милиони Венецуелци сега се поблиску до слободата а и дека САД е побезбедна денеска, оцени таа додавајќи дека Трамп со своите постапки во Венецуела покажал дека ја заслужува Нобеловата награда за мир.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот