Фото: RTV Malisheva / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Трагична несреќа во Косово, експлозија уби татко и две деца

35-годишен жител на косовскиот град Малишево и неговите две деца, девојче и момче на возраст од 9 и 12 години, загинале откако плинска боца експлодирала и предизвикала пожар во нивната зграда, јавуваат косовските медиуми.

Портпаролот на Регионалната полиција во Ѓаковица, Шермет Ељезај, изјави дека околу 12:55 часот добиле информација дека има пожар во станбена зграда во населбата „Мирдита“. На местото на несреќата попладнето имаше бројна полиција, пожарникари и екипи за итни случаи.

екс

Според Ељезај, во објектот биле пронајдени трите тела, а лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Деветмина мртви во турското училиште – децата панично бегаат од пукачот, скокаат од прозорците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот