ВИДЕО | „Тоа беше последното затворање на вратата“ – таткото на Надица која загина во „Пулс“ со потресна објава
Видеото, споделено на социјалните мрежи, е емотивен потсетник на денот кој, според Наунов, засекогаш му го променил животот.
Таткото на трагично загинатата Надица, Александар Наунов, објави видео кое, како што вели, го памети како најтешкиот момент во својот живот – последното заминување на неговата ќерка од домот.
Препорачано
Надица беше една од 63-те жртви во кобниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Видеото, споделено на социјалните мрежи, е емотивен потсетник на денот кој, според Наунов, засекогаш му го променил животот.
„Последното затворање на вратата
Тоа беше обично затворање на врата…
Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.
Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,
а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот,
заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.
Наместо да ја чекам со внуци во прегратка,
јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.
Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка,
наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши.
Помина време, но не и мојата болка.
Надица, ти остана вечна во моето срце,
во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.
Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина.
И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.


