Фото: Принтскрин/Фејбук/Драги Горгиев

ВИДЕО | Таткото на тапанарот на ДНК кој загина во „Пулс“, реагира: Не го оставаат гробот на мојот син

Драги Ѓоргиев, таткото на тапанарот на групата ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска преку објава на „Фејсбук“ се пожали дека постојано бил ограбуван гробот на неговиот син во Струмица. Како што посочи Ѓоргиев во објавата, во која сподели и видео од безбедносна камера, досега имало 14 кражби.

На видеото, како што може да се види, жена приоѓа до гробот, става во најлонска ќеса некои работи и си заминува.

„14 кражби на нашиот ангел, и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син, не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да си ми здрава и жива тетке која и да си и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев на Фејсбук.

 

Во пожарот во „Пулс“, загинаа и пејачот на бендот ДНК Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата, Игор Велков, битбоксерот Мартин Атанасовски-Буцо. Пејачот на групата, Владимир Блажев-Панчо почина по неколкумесечна борба живот. Кобниот пожар однесе 63 жртви.

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК ѝ остави 2.000 денари на власта на улица во Кочани, да дојдат да запалат свеќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот