ВИДЕО | Тасевска: Османи ќе реферира за преговорите со Бугарија – остануваме отворени и транспарентни

Претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонио Милошоски, за утре во 15 часот ја закажа седницата на која шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи треба да реферира за преговорите, патоказот и за односите Македонија Бугарија.

– Како пратеничка сметам дека е добро што министерот ќе дојде и тоа е уште еден деоказ дека ние како коалициони партнери, како владеачка гарнитура сме транспарентни, сме отворени.

Министерот ќе реферира и ќе одговори на сите прашања на присутните пратенички прашања и ќе бидеме запознати со текот на преговорите кои што се водат со Република Бугарија. Честопати зборуваме дека опозицијата ја блокира работата на Собранието, а тоа ќе го потврдам со уште еден факт сите работни тела и комисии чии што претседатели се пратеници од ВМРО – ДПМНЕ не се закажуваат на време и на тој начин тие ја кочат работата на Собранието и донесувањето на многу важни законски решенија.

Комисијата за надворешна политика веќе шест месеци не ја закажува седницата на која што треба ополномоштените амбасадори на Република Северна Македонија во речиси десетина земји во Европа треба да реферираат пред нас за нивната платформа за понатамошните нивни активности како амбасадори…И затоа не можеме да зборуваме за оваа седница дека е задоцнета изјави во Утрински Брифинг пратеничката од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска.

Видео на денот