ВИДЕО | СЗО: Новиот вид коронавирус „не е вон контрола”

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Новиот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, што брзо се шири, „не е вон контрола”, соопшти денеска Светска здравствена организација повикувајќи да се преименуваат досегашните проверени мерки.

– Имавме фактор РО (стапка на репродукција на вирусот) многу поголем од 1,5 во разни моменти во оваа пандемија и ја совладавме. според тоа оваа ситуација во таа смисла не е вон контрола, изјави директорот за итни здравствени ситуации при СЗО, Мајкл Рајан.

Неговата изјава уследи откако британскиот министер заздравство Мет Хенкок вчера оцени дека „новиот вид коронавирус „е вон контрола”.

– Мерките што во моментот постојат се добри. Треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме досега. Можно е да биде потребно поинтензивно и подолго време да работиме за да се осигураме дека можеме да го совладаме овој вирус, истакна Рајан.

Голем број држави од вчера ги затворија границите со Велика Британија и со Јужна Африка поради појавата на новиот вид накоронавирусот со цел да се избегне негово ширење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот