ВИДЕО | Сурово однесување на српската полиција кон демонстрантите: Брутално претепани граѓани
Граѓаните на српскиот град Ваљево одговорија на повикот на студентите да се соберат синоќа на протест наречен „Вечерва пукате по шевови“. Полицијата брутално тепаше граѓани, пренесува Нова.рс.
Препорачано
Целата претходна вечер во Ваљево беше исклучително напната. На раскрсниците на најпрометните улици имаше двоен кордон од полиција во опрема за разбивање на демонстрации, кој не им дозволуваше на граѓаните да поминат понатаму кон улицата „Хајдук Вељкова“. Собраните граѓани скандираа против актуелната влада, претседателот и припадниците на полицијата.
Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат униформирани полицајци како користат сила врз граѓаните. Голем број граѓани се обиделе да избегнат полициска интервенција со тоа што се засолниле во околните станбени згради, но полицијата буквално ги бркала и брутално ги тепала.
Неколку полицајци во полна опрема претепаа млад човек.
Според објавите на граѓаните на Ваљево, полицијата апсела и тепала секого пред себе, дури и граѓани кои не биле учесници во протестот. Како што е наведено во објавите на социјалните мрежи, полицијата ги извлекувала луѓето од околните барови, ги тепале и ги приведувале.
Еден млад човек бил претепан, а на видеото се гледаат десетина полицајци како го удираат со палки и го клоцаат.
Ruke im se osušile! 🤬 pic.twitter.com/Bjcc4ksAo9
— Milica Matić (@milicaa______) August 14, 2025
Исто така, постои и снимка која сведочи како полицијата фрла на асфалтот момче, а потоа го удира. Според неофицијални информации, претепаниот е задржан во болница.
Како директно сведоштво студентите од Ваљево објавија фотографија од повредите што ги здобил еден млад човек, претепан од полицијата.
Брутални сцени на насилство беа забележани во речиси сите градови во Србија. Членовите на владеачката СНС повторно фрлаа пиротехнички средства врз граѓаните.
Полициски кордони ги бркаа граѓаните низ улиците на Белград, беше фрлен солзавец, а беа изнесени и оклопни возила. Жителите на Нови Сад демолираа неколку простории на СНС во тој град, а полицијата потоа ги репресираше граѓаните, се бореше со нив и ги апсеше.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


