ВИДЕО: „Супер Марио“ не се менува, Балотели фрли петарда во соблекувалната на Адана
Марио Балотели (33) од септември минатата година настапува за турскиот фудбалски клуб Адана Демирспор.
Препорачано
Ова му е втор мандат во тој клуб, а оваа сезона има четири гола на седум настапи. Италијанецот ги пропушти последните три месеци поради тешка повреда на коленото, а се врати на почетокот на февруари со мечот против Касимпаша.
Пред две недели Балотели беше капитен на својот тим против Аланјаспор (3:3). Камерите го уловија неговиот речиси непрепознатлив физички изглед поради неколку килограми вишок и веднаш стана тема на социјалните мрежи меѓу навивачите.
Сега протече и видео од соблекувалната во Адана, на кое може да се види како Балотели пали и фрла петарда среде соблекувалната, додека неговите соиграчи се пресоблекуваат.
Балотели некогаш беше еден од најталентираните фудбалери во светот кога се појави во Интер пред 17 години. Но, поради непрофесионалните навики и недоволната посветеност на спортот, неговата кариера беше полна со турбуленции. Играше за Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј и Бреша, а за репрезентацијата на Италија на 36 настапи има 14 гола.
Mario Balotelli'nin soyunma odasında yaptığı şaka. ? pic.twitter.com/otlWjrDpwi
— Nexus Sports (@nexustransfer) March 6, 2024


