ВИДЕО | Стефановски: Во овој асиметричен спор притисокот врз Софија треба да дојде од Брисел

Очигледно е дека некакви преговори и договори има и покрај тоа што од нашата македонска страна слушаме малку какакафонична дискусија – одредени функционери велат дека треба да се забави темпото, други сметаат дека треба да се интензивираат преговорите. Во секој случај позициите на Бугарија се прилично апсолутистички, многу тешки за прифаќање и во моментов не можам да видам како овој јазол ќе се отплетка, изјави во Утрински брифинг, Иван Стефановски извршен директор на ЕВРОТИНК.
-Она што треба да ни даде малку кураж е ставот на португалското претседателство, односно во неколку наврати португалскиот министер за надворешни работи истакна дека проширувањето ќе се најде високо на агендата, што е зачудувачки позитивно за нас и регионот, бидејќи традиционално Португалија не е земја која сериозно се бави со процесот на проширување, вели Стефановски.
-За ваквиот став на Португалија претпоставувам дека има и притисок од останатите членки особено од Германија, Франција и Австрија. Сметам дека овие земји, помоќните, го вршат овој притисок да се откочи процесот на проширувањето. Дефинитивно станува збор за некаков внатрешен притисок, а не некаква преголема желба на португалското претседателство, изјави Стефановски.
-Позицијата на специјалниот претставник Бучковски до ден денес не ја разбирам и не можам да ја сместам во овој органограм на надворешно-политички овластувања согласно македонскиот Устав и за што тој смее да преговара и до каде може да оди, особено за оваков сериозен спор. Што Бучковски ќе прави во Софија навистина не знам, но јас се надевам дека во скора иднина ќе видиме поголем ангажман од претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, бидејќи тие се оние кои треба да ја одиграат клучната улога. Но во моментов како што е поставена бугарската позиција, јас не гледам каков е тој компромис кој што нас ќе не приближи до почетокот на преговорите. Нашата дипломатија треба повеќе да работи со официјален Брисел. Во овој асиметричен спор главниот притисок треба да дојде од Брисел и да ја убедат Софија колкава штета прават на самата ЕУ, вели Стефановски.
Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот