ВИДЕО: Стеф Кари најефикасен, Голден стејт го декласираше Мемфис

Стеф Кари („Голден Стејт вориорс“) доминираше во триумфот над Мемфис/Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Голден стејт славеа над Мемфис со 142:112 во третиот натпревар од полуфиналето во плеј-офот на Западната конференција.

До убедливиот триумф Вориорси беа предводени од Стеф Кари со 30 поени (шест асистенции). Џордан Пул додаде 27 поени, а Клеј Томпсон запиша 21.

За Гризлис до победата Џа Морант беше незапирлив, иако не играше во последните шест минути од мечот, со 34 пени беше најефикасен на паркетот.

Четвртиот натпревар е на програмата во ноќта помеѓу понеделник и вторник од 04.00 часот по македонско време.

Милвоки води во серијата против Бостон (2:1), на третиот меч Бакси беа подобри со 103:101 најмногу благодарение на Јанис Адетокумпо кој постигна 42 поени, додаде 12 скокови и осум асистенции.

Кај Селтикси најрасположен беше Џејлен Браун со 27 поени, 12 скокови и четир асистенции.

НБА плеј-оф, резултати –

Милвоки – Бостон 103:101 (2:1)
Голден стејт – Мемфис 142:112 (2:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот