ВИДЕО | Среќна нова година: Пол Мекартни ги откри филтрите на „Инстаграм“ и стана вистински хит

пол мекартни
Пол Мекартни / Фото: Принтскрин Јутјуб

Легендарниот Пол Макартни во новата година се фатил за учење нови трикови, пренесува „Daily Mail“.

Имено, 79-годишниот музичар го открил светот на филтрите на социјалната мрежа „Инстаграм“, па решил својата умешност да ја сподели со своите 3,7 милиони следбеници.

Мекартни стана инстант хит на социјалните мрежи откако го „претстави“ новиот бенд кој го открил на новогодишната ноќ. Зад сите ликови од бендот стои Пол, покажувајќи дека си го бидува и за глума.

пол мекартни
Пол Мекартни/ Фото: Профимедиа

Пол очигледно се заиграл со најразличните филтри па си измислил нов бенд кој го нарече „Линстром“, а легендата на Битлси рече дека станува збор за хеви метал фолк музички склоп, составен од четворица изведувачи и неименуван менаџер.

Ѕвездата наполни 80 години во јуни, но неодамна откри дека не се чувствува воопшто стар. Пол за време на интервју за „Sirius XM“ истакна дека не му се ни верува дека веќе е дедо.

„Всушност имам 25 години, само изгледам постаро, мислам дека мојот извод на родени е фалсификуван“, се пошегува тој.

На прашањето што му дава смисла на неговиот живот, Пол одговори: „Семејството. Имам осум внуци, фантастична сопруга, прекрасни деца и мислам дека тоа е дефинитивно фокусот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот