ВИДЕО | Средба на двајца големи спортисти: Ѓоковиќ и Кари си разменија подароци

Фото: Screenshot

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ беше елиминиран уште во третата рунда на мастерсот во Индијан Велс, а потоа одлучи да го прескокне турнирот во Мајами за подобро да се подготви за турнирите на земјена подлога.

Сепак, Ѓоковиќ и понатаму е во САД каде што се забавува надвор од терените. Пред неколку дена го гледаше натпреварот помеѓу Никола Јокиќ и Леброн Џејмс, а сега повторно се појави на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес.

Српскиот тенисер го гледаше натпреварот на Лејкерс и Голден Стејт каде што се сретна со Стеф Кари, со кого си размени и подароци.

Ѓоковиќ доби потпишан дрес со бројот 30, а на Кари му подари потпишан тениски рекет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот