ВИДЕО | Според вистински настан: Ова е највознемирувачкиот филм кој некогаш се појавил на Нетфликс

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Филмот „Cleveland Abduction“ пристигна на стриминг сервисот Нетфликс, но гледачите се прилично вознемирени од тоа што го виделе. „Cleveland Abduction“ е означен како „највознемирувачка“ работа коja гледачите ја гледале на Нетфликс некогаш. Филмот од 2015 година неодамна е додаден на стриминг платформата, па оставил многу гледачи во шок, а тие не кријат дека останале скаменети од страшните сцени.

Филмот се темели на вистинска приказна за киднаперот Ариел Кастро кој на почетокот на 2000-те години ја киднапирал Мишел Најт, прва од своите три жртви кои ги чувал во својот дом во Кливленд. Мишел, која ја глуми Терин Менинг, исчезнала на 23 август 2002 година откако ја напуштила куќата на својот роднина.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Изгледа дека филмот е прилично реалистичен, па гледачите на Твитер пишувале колку биле вознемирени од драмата.

Една личност напишала: „Cleveland Abduction“ е еден од највознемирувачките филмови и работи кои некогаш сум ги гледал. Има некои болни луѓе во овој свет“.

Друг одговорил: „Го гледав филмот и моментално длабоко сум вознемирен“.

Монструмот во приказната киднапирал три девојки и со години ги чувал во заробеништво.

„Киднапирана и затворена, Мишел Најт наоѓа волја да преживее среде најужасните и потресни околности во оваа вистинска криминална драма“, се вели во синопсисот на Нетфликс.

Мишел за време на киднапирањето имала 21 година и била самохрана мајка, а после неа монструмот ги киднапирал 17-годишната Аманда Бери и 14-годишната Џина Дезизус. Мишел била во притвор 11 години, а била спасена откако Аманда Бери успеала да побегне и да повика полиција во 2013 година.

Кастро на крајот беше осуден на повеќе од 1.000 години затвор без можност за условно ослободување. Монструмот изврши самоубиство во затворската ќелија само еден месец откако беше прогласен за виновен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот